Осумнаесет мигранти од Бангладеш биле пронајдени вчера во возило на патот Неготино-Градско, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Околу 14:30 часот на патот Неготино – Градско, во близина на локалитетот Стоби, при контрола на товарно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Т. (33) од Скопје, во товарниот дел на возилото полициски службеници пронашле 18 мигранти од Бангладеш (сите полнолетни). Возачот бил лишен од слобода и приведен во полициска станица за понатамошна постапка, појасни Додевски.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Неготино. Известен бил јавен обвинител, а мигрантите се сместени во Прифатниот тразнитен центар „Винојуг“-Гевгелија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.