Полициски службеници од Полициската станица Центар денеска ги лишиле од слобода В.П.(20), Б.Н.(21), Д.П.(22), С.Н.(22), Т.Д.(22), К.А.(21), Б.Г.(21) и М.Н.(19), сите од Скопје, затоа што околу 22.45 часот во угостителски објект на ул.„Мито Хаџивасилев Јасмин“ оштетиле дел од инвентарот и физички го нападнале Г.М.(49) од Скопје.
Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.