На поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески денеска му беа пресудени 8 години затвор за злоупотреба на службената положба и овластување за случајот „Транспортер”. Од 20-те обвинети со него, десет се осудени на вкупно 28,9 години казна затвор, а останатите десет пак добија по две години условна казна затвор која ќе се активира доколку некој од нив стори кривично дело во рок од пет години. Поранешниот секретар на општина Битола Слободан Бончановски е осуден на шест години затвор.

Предметот на јавното обвинителство кој се однесува во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра го застапуваа обвинителите Љубомир лапе и Трајче Пеливанов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.