Тетовската полиција ноќеска од 22.15 часот до 23.45 часот во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во локал во Желинo при што се приведени 14 лица поради работа спротивно на прописи во време на епидемија.
Во објектот биле затекнати 19 лица – гости и 13 женски лица кои ги забавувале гостите. Од нив осум биле државјанки на Република Албанија и пет македонски државјанки. Сопственикот З.С.(49) од с.Желино и 13-те женски лица биле лишени од слобода, а по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави – информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат. Претходната вечер слична акција со приведени 12 лица имаше во Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.