Мусли Весели е последната жртва на сообраќајни несреќи со фатални последици во Македонија. Повредите што 25-годишното момче ги здоби на крстосницата на булеварите „Босна и Херцеговина“ и улицата „Словенечка“ со „Македонско-косовска бригада“ беа кобни по неговиот живот. Нив им подлегна во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Зад себе остави сопруга со едномесечно бебе, објави Телма.

Безбедносните камери на крстосницата ја снимија стравичната случка. На неа се гледа како Весели стои на островот на крстосницата и чека зелено за да мине по пешачкиот премин, кога пред него во еден момент се судираат два мерцедеса – едниот со италијански регистарски таблички управуван од А.С. (41), другиот со скопски зад чиј волан бил С.О. (39). По судирот, „скопското“ возило го „покосува“ Весели.

Двајцата возачи и сопатникот во скопскиот мерцедес се здобиле со тешки телесни повреди кои се констатирани во ГОБ „8 Септември”, односно комплексот клиники „Мајка Тереза”.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.