Судечкиот совет на Основниот суд Скопје 1 – Скопје денеска изрече ослободителни пресуди за Здравко Савески и Владимир Куновски.

Ослободителната пресуда е изречена поради недостиг на докази. Имено, од текот на постапката недмосмислено се потврдило дека Савески и Куновски биле со толпата, но не и дека извршиле демолирање.

Поранешните членови на политичката партија „Левица“ беа обвинети за демолирање на канцеларијата на претседателот Ѓорге Иванов, во центарот на Скопје, во април 2016. година.
Првостепената пресуда доаѓа, по повеќе од две и пол години од настанот за кој што беа обвинети Савески и Куновски. Тие, на барање на Обвинителството, цели 50 дена издржуваа мерка куќен притвор.

Овој судски процес имаше 15 рочишта, а на самиот старт на судењето државното Правобранителство процени дека Савески и Куновски, наводно, причиниле штета во висина од 522.000 денари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.