Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомневање дека заедно со засега непознато лице извршиле кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 2 во врска со став 1 точка 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Осомничениот вечерта на 24 мај 2019 година, заедно со соизвршителот, провалил во стан во Прилеп со намера противправно да одземат предмети. Двајцата со погодно средство ја отклучиле вратата, влегле во внатрешноста и одзеле чанта во која имало 15.200 евра и златен накит, во вкупна вредност од околу 1.300.000,00 денари, околу 21 000 евра.

По образложен предлог на јавниот обвинител, судијата на претходна постапка во Основниот суд Прилеп на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.