Обвинетиот Бојан Јовановски смета дека аудио и видеоснимките со сведокот Орце Камчев, кои се пуштаат на денешното судење за „Рекет“, се груба аматерска монтажа.

Се работи за познатата снимка од домот на бизнисменот кога таму доаѓаат Јовановски и Зоран Милески Кичеец и наводно земаат пари, објавена од италијанскиот медиум „Ла верита“. Но, на смимката се гледа Јовановски само како влегува и излегува од куќата но не и допир со парите.

Ова е фрагранто лепење на видеоматеријали. Ова можам да го забележам бидејќи доаѓам од светот на телевизијата. Едната снимка е направена со мобилен телефон а другата со сигурносната камера, објасни Јовановски.

Неговиот адвокат пак ја праша обвинителката од каде знае дека се работи за Тирок кога тој гледа само едно портокалово возило.

По ракцијата следуваше нова снимка.

Орце, срце мое, да ја почекаме Весна Димишкова што ќе направи, во случај да не одлучи ништо, во четврток Тони ќе оди кај Катица за да има оправдување жената…, му вели Боки на Камчев, па појаснува дека и пасошот ќе му бил вратен.

Тука на спикерфон се вклучува и Катица Јанева. Боки ѝ кажува дека Камчев ќе го прати Тони во среда, четврток.

Ќе го прати со гаранциите за пасошите, а потоа со спогодбите и другото, вели Боки.

Катица пак вели дека другото сè таа го држи под контрола, на што Боки 13 вика дека Камчев всушност се плаши од Лиле.

Не се плашам бе!, реагира тој, по што женскиот глас додава:

 

Многу сум ангажирана затоа не ја држам така редовно под контрола, инаку без мене она не може ништо.

Потоа во друга снимка, Камчев му ѕвони на Јовановски и се жали дека СЈО пуштило покани за 8 души, меѓу кои „братот на Ана“,  „Миро, МПМ“ (најверојано управителот на Графички центар Скопје, н. з.) Од другата страна на линијата Боки 13 е со некое женско лице и ја потпрашува, а таа објаснува дека тие се сведоци, а не осомничени.

Потоа Бојан му објаснува:

Подобро заради постапката за да пројде сè за на крај да биде силна спогодбата“, на што повторно го прашува женското лице: „Имаш нешто да додадеш?“, а таа одговара: „За малку активности да има во април“.

Орце Камчев додава: „Добро, значи техничко прашање, така?“, а Боки 13 одговара: „Така е!“, на што Камчев дополнува: „Шминка, шминка…“

На крајот се слушна и гласот на Јанева која му вели на Камчев: „Не се грижи, сè ќе биде ОК”.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.