Инспекторите од Општина Чаир утврдиле дека изведувачот немал дозвола за градежните работи кај поликлиниката во Чаир, каде што утрово загинаа двајца работници, а еден беше повреден. Несреќата се случила откако врз тројцата работници се одронила земја и ги затрупала.
Според изготвениот записник од страна на инспекторите на терен, започнатите работи за вклучување во подземната инфраструктура немале дозвола за нивно спроведување и истите се започнати во текот на денешниот неработен ден, сабота“, велат од Општина Чаир.
Општината изрази сочувство до семејството на настраданите. Загинатите лица се на 26 и 28 годишна возраст, а повреденото лице има 54 години и пренесено е во ГОБ „Св.Наум Охридски“.
МВР за настанот ги извести Јавното обвинителство и Државниот инспекторат за труд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.