Сите што заминале во странство на подолго од три месеци, а претходно не пополниле соодветна пријава во полицијата се потенцијални жртви за казна. За полицијата ова е прекршок кој во зависност од повеќе околности таа може да го наплати од 100 до 500 евра.
Најголемиот дел од граѓаните за оваа законска обврска не знаат, па оттука и потенцијалната опасност сите да платат дебели казни.Во целата оваа работа главен проблем е неинформираноста .
На прашањето , знаете ли дека при заминување во странство подолго од три месеци треба да се одјавите, а потоа да се пријавите во полиција, повеќето граѓани одговорија со не и не знам.
Од овие причини и никој не знае колку точно досега од државата се иселиле, но фактот што на оваа тема се зборува сé почесто е првата опомена дека државата ќе почне и со пребројување на исленните, но и со собирање на нивните пари.
Во принцип, одјавувањето трае само неколку минути зашто потребно е да се пополни само еденлист. Во него се содржан основните податоци за времето на излегување и враќање во државата.
Идентично е и со пријавување при враќање во државата со што се елиминира ризикот од споменатите казни. Секако, обврската за пријавување и одјавување важи и за децата кои патуваат со вас зашто казната ја плаќаат кој друг ако не родителите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.