По веста за удавено 14 годишно девојче во Базен во Битола со свој демат се јави и раководството на олимпискиот базен Император Битола кои велат дека немилиот настан не се случил во нивниот базен.
Ги известуваме сите капачи на олимпискиот базен Император Битола дека немилиот настан на удавено девојче не се случи на нашиот базен.
Се оградуваме од сите невистини на интернет порталите.
Изразуваме сочуство до фамилијата на девојчето и се надеваме дека нема повеќе да има вакви немили настани.Менаџмент на Олимписки Базен Битола, стои во деманот.
Имено 14-годишното девојче се удавило во базенот „Довлеџик“ во Битола, кој во моментов не е отворен за посетители. Од битолската болница известија дека девојчето било донесено на ургентното одделение без никакви знаци на живот после пад во базен. Но, упорноста на екипата од ургентно и извршената реанимација биле неуспешни, изјави денеска портпаролот на болницата, Сузана Конеска и додава дека случајот понатаму го презема МВР и Обвинителството.
Базенот е во сопственост на Јавното претпријатие „Стрежево“, но моментално е издаден под концесија на 15 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.