Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднело предлог за изрекување мерка на безбедност „задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа“ за едно лице обвинето дека извршило кривично дело братоубиство.

Обвинетиот, како што информираат од ОЈО во вечерните часови на 31 декември, во семејниот дом во село Чајлане, Сарај, во состојба на непресметливост поради трајна душевна болест – параноидно растројство, при вршење семејно насилство, со умисла го лишил од живот сопствениот брат.

Двајцата браќа најпрвин започнале да се расправаат, па во еден момент обвинетиот од џебот извадил нож и му нанел две сечни и три убодни рани во вратот на својот брат. Како резултат на брзото и обилно искрварување од вратните крвни садови, бил предизвикан недостаток на кислород во мозокот на оштетениот, па на 05.01.2020 година тој починал, информираат од ОЈО.

Обвинетиот се терети за извршено дело Убиство од чл.123 ст.2 т.2 во врска со чл.12 ст.1 од Кривичниот законик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.