Обвинителството отвори предистражна постапка за предметот на Антикорупциска за случајот „Холидеј Ин“ каде се опфатени поранешни градоначалници, вработени во општината и Министерството за транспорт и врски, планери. Постои сомнеж дека ја злоупотребиле службената положба и овозможиле носење на детален план кој не е усогласен со генералниот.
Предметот е во предистражна постапка, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција активно постапува. Во моментов кога ќе можат да се споделат повеќе детали што не пречат на постапката јавноста ќе биде навремено информирана, велат од ОЈО за ТВ 24.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.