По кривична пријава на Министерството за внатрешни работи, а по налог на ОЈО за гонење на организиран криминал, утрово се уапсени поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски и двајца негови соработници, раководители на секторите за експропријација и урбанизам.
Заедно со нив на распит пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд Скопје 1 се донесени уште шестмина бизнисмени од градежниот бизнис.
Обвинителството за гонење организиран криминал ги потврди овие информации, но не сакаше да ги каже имињата на уапсените, освен што во јавноста се прошири веста дека меѓу деветмината е поранешниот градоначалник на општина Карпош.
ОЈО побара притвор за овие тројца осомничени, а за шестмината бизнисменикои се на распит во Кривичен се побарани мерки на претпазливост, односно одземање на патните исправи и редовно пријавување во судот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.