Вчера во 07.45 часот на регионалниот пат Охрид-Струга, во близина на приклучокот за магистралниот пат Охрид-Кичево, патничко возило „рено меган“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Т.Ш.(37) од Охрид, излетало надвор од коловозот и удрило во дрво.
Со тешки телесни телесни повреди се здобила Т.Ш. којашто била пренесена во болницата Св.Еразмо, каде и била укажана лекарска помош.
Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.