При зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територијата на СВР Охрид денеска во периодот од 8 до 12 часот се санкционирани 37 возачи.

– Од нив 24 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 13 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, стои во соопштението од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР посочуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.