Мотоциклист е тешко повреден на патот што води од Охрид кон Свети Наум.

Вчера било пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Свети Наум, кај населбата Рача, М.Б.(45) од Охрид, управувајќи мопед „Кивеј“ паднал на коловозот. Во незгодата, возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Охрид – соопштија од МВР.

Увидна екипа од СВР Охрид извршила увид на местото на незгодата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.