Вчера околу 16 часот во Полициската станица во Охрид, од болницата „Св.Еразмо“, било пријавено дека кај нив бил донесен П.М. (56) од Охрид, кој имал тешки телесни повреди здобиени при пад од висина при градежни активности во хотел во населбата Лагадин – Охрид.

Поради сериозноста на повредите, П.М. бил пренесен во Клинички центар – Скопје.

Полициски службеници излегле на местото на настанот, а известен е и јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.