СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Л. (76) од охридското село Трпејца, поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривичните дела „бесправно градење“, „узурпација на недвижности” и „употреба на исправа со невистинита содржина“, како и против В.К.(53) од Охрид поради сторено кривично дело „фалсификување или уништување деловни книги”. Првопријавениот, во период од август-декември  2020 година, на катастарска парцела во селото Трпеица, во месноста Трпеичко Кале, што е во состав на Националниот парк „Галичица“, без да поседува одобрение за градба изградил индивидуален објект и како доказ  употребил фалсификат геодетски елаборат, изработен од второпријавениот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.