Во СВР Охрид вчера околу 13.30 часот е добиено телефонско известување дека паднал маж на непристапен терен на потегот помеѓу Лабино и Канео во Охрид.

Езерската полиција со пловен објект пристигнала не местото при што констатирала дека се работи за Д.А. (57) од Охрид. Тој е пренесен до месноста Грашница од каде што со возило на Брза помош е пренесен во болницата „Св.Еразмо“, каде му се констатирани тешки телесни повреди.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.