На жител на охридското село Косел му бил запленет камионот откако припадници на Шумската полиција откриле дека во него превезувал повеќе дрва за огрев од тоа за што имал дозвола.

На 27.12.2021 околу 14 часот на улица „Радојца Новичиќ“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид и Шумската полиција извршиле контрола на товарно возило „ТАМ“, со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.Л.(47) од охридското село Косел. Притоа, било констатирано дека превезувал повеќе огревно дрво отколку што било внесено во транспортната документација – информираат од МВР.

Возилото и дрвната маса биле одземени и предадени на Шумското стопанство „Галичица“. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.