СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Д. (30) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени четири кривични дела „тешка кражба на дрзок начин“ и три кривични дела ,,тешка кражба”.

На 03.09.2019 и 04.09.2019 на подрачјето на Охрид пријавениот, со употреба на физичка сила, од четири лица одзел чанти и кеси во кои имало пари, златен накит, мобилни телефони и други предмети.

Во истиот период, на подрачјето на Охрид, во три куќи, пријавениот насилно влегол и одзел пари, златен накит и часовници. Со ова пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 331.000 денари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.