Основното јавно обвинителство Скопје информира дека поднело предлог за парична казна од 2.000 евра за 33-годишен охриѓанец поради непочитување на полицискиот час.
Тој на 11 јуни бил затекнат од полицијата како се движи низ Скопје во време кога движењето беше ограничено.
Жителот на Охрид се товари за кривичното дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
На 11 јуни, спротивно прописите со кои во одредени делови од деноноќието беше забрането движење на населението како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот, обвинетиот бил затекнат како без дозвола се движи на улицата „Коста Абрашевиќ“ во Скопје – информираат од ЈО.
Јавниот обвинител предложил на обвинетиот да му биде одредена парична казна од 100 дневни глоби со поединечен износ на една дневна глоба од 20 евра (2000 евра) во денарска противвредност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.