Охриѓанец со лажна полициска палка „стоп“ сопирал возила и на Фејсбук објавувал фотографии, информираше МВР. Станува збор за А.И.(44) од Охрид, против кого е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „лажно претставување“.
На 15.03.2020 на социјална мрежа Фејсбук на својот профил објавил слики на кои се гледало како со лажно изработена „Стоп“ палка неовластено применувал полициски дејствија – запирање на моторни возила на регионалниот пат Охрид – Кичево, велат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.