Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешка телесна повреда“, „насилство“ и „загрозување на сигурноста“, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Ј.К. (40) од охридското село Велгошти, вработен во протипожарната служба.

На Ј.К. од надлежниот суд му е одредена и мерка притвор во траење од 30 дена.

Ј.К. вчера во просториите на Територијалната противпожарна единица во Охрид, со дрвен предмет го нападнал Г.С. (54) од Охрид и му нанел тешки телесни повреди, по што Г.С. бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Потоа, во друга просторија физички го нападнал пожарникарот Т.Т. (45), нанесувајќи му повреди.

Откако го напуштил местото на настанот, Ј.К. се јавил на службениот телефон во противпожарната служба и упатил сериозни закани кон пожарникарот А.А. (56) од Охрид.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.