На 01.08.2021 во 22.35 часот од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје и од СВР Охрид во близина угостителски објект лишен е од слобода Б.Р.(41) од Охрид.

При преглед на патничко  возило „БМВ“, со охридски регистарски ознаки, во кое бил Б.Р. и при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена прашкаста материја. За настанот е известен Јавен обвинител, а по документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.