Полициски службеници од СВР Куманово ноќеска 10 минути по полноќ ги лишиле од слобода Н.Д.(35) и К.А.(27), двајцата од Куманово, поради сомнение за сторено кривично дело „кражба“ во продажен објект.
Како што соопшти МВР, при нивен личен преглед и при претрес во домот на Н.Д., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пари и разни предмети кои потекнуваат од кривичното дело.
Предметите и парите биле вратени на сопственикот, а лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението на МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.