Полициски службвеници уапсиле скопјанец, кој се сомничи дека со уште едно лице со употреба на сила одзел повеќе предмети од маркет на бул. „Илинден“.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот.
Синоќа во 23:15 часот на бул.„Илинден“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода А.И.(19) од Скопје. Тој се сомничи дека претходно околу 22.55 часот со уште едно лице со употреба на сила одзел повеќе предмети од маркет на бул. „Илинден“. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а во службен разговор во полициска станица А.И. го признал делото – информираат од МВР.
За настанот бил известен јавен обвинител и во координација со него по целосно документирање и расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.