Филијала на „Македонски пошти“ во Охрид била ограбена утрово, при што, се уште не е утврдено колку средства се одземени. По неколку часа, од страна на охридската полиција е приведено едно лице, кое се сомничи дека бил извршител на грабежот. Настанот го потврдуваат од СВР Охрид.
Има таков настан, пред од прилика еден час е приведено лице кое се сомничи дека извршило разбојништво во пошта во центарот на Охрид. Се работи за едно лице. Во моментов се преземаат сите дејствија за расветлување на случајот, како и на тоа, што е украдено при извршувањето на делото – велат од СВР Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.