Во киоск лоциран во дебарското село Могорче, синоќа во 23:30 часот е извршена тешка кражба, соопштија од Министерството за внатрешни работи, посочувајќи дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Од МВР информираа дека е стабилна безбедносната состојба на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состојба. Не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нема нарушувања на јавниот ред и мир и нема регистрирани сообраќајни незгоди.

Евидентирани се 11 нови лица во самоизолација, сите во Дебар, и извршени се 61 контрола врз овие лица, соопштија од Министерството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.