Голем пожар беснее во селото Глишиќ, близу отпадот. Гори сува трева, а зафатени се и дел од лозје и дрвена бандера за струја.
Огнот со голема брзина се приближува и до други дрвца и тополи, а го гасне екипа на Противпожарната единица – Кавадарци. На самото место е и командирот, Александар Чадамов.
Се очекува на местото на пожарот да пристигнат и полицајци, како и инспектори за животна средина
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.