Полицијата го заврши увидот во продавницата за електорматеријали „Заре комерц“ во Гевгелија. Првичните наоди ги потврдија сомневањата дека до пожарот дошло при експлозија на плинска боца, во која загина 41 -годишен гевгеличанец, вработен во продавницата.

Несреќата се случила вчера, околу 16 часот, при што четири лица биле донесени во гевгелиската болница.

Двајцата мажи кои поминале со полесни повреди по укажаната помош се пуштени на домашно лекување, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција. Се очекува обдукцијата да даде одговор која била причината за смртта на 41- годишниот гевгеличанец.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.