Поради променето презиме на една од жртвите, во текот на целиот ден постоеше забуна околу точната бројка на загинатите лица во тешката сообраќајка на автопатот Скопје-Тетово.
Се работи за имињата Бесим Камбери и Бесим Фетаи, кои се појавуваа на листите со загинатите лица и поради кои се тврдеше дека кај Карпалак загинаа 15 лица. Од селото Сенокос, ја споделија фотографијата на починатиот соселанец, со име Камбери, изразувајќи сочувство до семејството. Град Гостивар, исто така, оддаде почит на 15 починати, иако официјалната бројка во тој момент беше 14 жртви.
Вечерва, семејството на Бесим Камбери за ТВ24 потврди дека тој си го променил презимето во Фетаи, со што се затворени сите недоразбирања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.