Осумнаесетгодишното момче коешто ја прегази Верица Белчовска, девојката чии органи подоцна беа донирани и трансплантирани. Сообраќајката се случи во Струмица, на 7 април годинава. Откако ја прегазил Верица на пешачкиот премин, возачот го напуштил местото на несреќата, но подоцна се пријавил во полиција и го признал делото.
Истрагата утврдува дали тој делото го извршил со умисла или без умисла и од тоа ќе зависи колкава казна затвор ќе се предложи за него.
Од Основното јавно обвинителство за „Слободен печат“ велат дека моментно траат судските вештачења. Во меѓувреме, на младото момче, кое имало дозвола за управување моторно возило, одземен му е пасошот како мерка за претпазливост дека нема да ја напушти државата.
До несреќата дошло кога автомобил нисан удрил во пешак кој преминувал на пешачки премин, по што возачот го напуштил местото на несреќата. Јавниот обвинител веднаш по несреќата издаде наредба за обезбедување на сите докази и траги на лице место и даде насоки за откривање на сторителот. Подоцна истиот ден, возачот на автомобилот, на возраст од 18 години, самиот се пријавил во полициска станица. Против него е поднесена кривична пријава за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 и неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 од кривичниот законик. По предлог на јавниот обвинител, Основниот суд во Струмица за осомничениот определи мерки на претпазливост, одземање на патната исправа и тој веќе даде свој исказ пред јавниот обвинител во кој не негира дека го сторил делото – информираат од обвинителството за „Слободен печат“.
Возилото е привремено одземено и ќе се врши вештачење, а по наредба на јавниот обвинител земени се примероци од крв и урина од возачот веднаш по неговото пријавување во полициската станица, со цел да се утврди присуство на алкохол или други супстанции.
Јавниот обвинител поднел и барање за достава на протоколот од извршената обдукција врз жртвата. Откако ќе пристигнат записниците од извршениот увид на лице место, надлежниот обвинител ќе нареди детално сообраќајно вештачење за утврдување на сите околности под кои дошло до сообраќајната незгода.
Повеќе на „Слободен печат“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.