Продолжуваат шоковите со извидничкиот камп што се одржал во близина на Скопје. Сега целата истрага е во рацете на надлежните органи, јавното обвинителство и полицијата.

Но, најновите информации на истрагата покажувале дека на овој камп имало учесници надвор од Скопје, и сега тие се повикуваат на разговор, пишува „Слободен печат“.

Бил одземен и телефон на еден од организаторите, бидејќи во сведоштвата на децата било истакнато дека снимале девојче, малолетничка, која била сосем гола од половина нагоре, само еден колаж и ги покривал градите. Сето ова, било пропратено со музика (рок песни).

Инаку, се огласија и од Сојузот на средношколци од каде ги повикуваат надлежните институции детално да ја истражат секоја изјава за извидничкиот камп за сексуално вознемирување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.