Основното јавно обвинителство – Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ согласно член 385 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот 19-годишник од селото Стајковци, на 26 февруари, за време на јавен собир на граѓани, заедно со други идентификувани и неидентификувани граѓани, почнале да дејствуваат кон полицискиот кордон на булеварот „Крсте Петков Мисирков“, фрлајќи со камења, бекатон плочки, метални шипки и други предмети. Притоа биле повредени 11 полициски службеници и еден новинар. Сега осомничениот во протестите учествувал маскиран, со цел да не се открие неговиот идентитет – информира Јавното обвинителство
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, поради опасност од бегство и можност тој да го повтори делото.
Судијата го прифати предлогот на јавниот обвинител и на осомничениот му определи притвор во траење од осум дена – се додава во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.