Нефи Усеини и неговиот брат добија нови 30 дена притвор. Претходно поради опасноста дека ќе избегаат, обвинителството побара тие да останат во притвор.

Одлукаа за 30-дневниот притвор доаѓа откако полицијата поднесе кривична пријава против Усеини за насилство и недозволено држење оружје, но во обвинението се гонат само за првото кривично дело за физичкиот напад на охриѓанецот Спирко Топаловски.

Според обвинението, браќата го повикале оштетениот на средба во познат охридски хотел, но расправијата почнала уште во автомобилот со кој дошол Топаловски. Продолжиле на паркингот каде вербалната пресметка преминала во физичка.

На еден од обвинетите од пантолоните му испаднал тврд предмет во облик на пиштол, кој потоа го зел вториот обвинет. Оштетениот со тупаници бил удиран во пределот на главата и телото пред влезот на хотелот и внатре, каде обвинетите во пределот на главата го удирале и со тврдиот предмет во облик на пиштол. По извршеното насилство со кое на оштетениот му биле нанесени телесни повреди, обвинетите го напуштиле местото на настанот – соопштија од ОЈО Охрид.

Од обвинителството велат дека на тој начин извршиле грубо насилство врз жртвата а кај присутните гости и вработени во хотелот предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв.

Топаловски прво тврдеше дека Усеини го удрил со пиштол, а потоа со писмена изјава го смени ставот и тврдеше дека пиштол не видел, туку добил удар од позади, а сето тоа го оправда со паника.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.