На денешното рочиште за случајот „Рекет“ се прегледуваше содржината од мобилниот телефон на Бојан Јовановски. Во него најчеста комуникација е помеѓу него, Катица Јанева и Орце Камчев. Во една од пораките Боки 13 на Катица ѝ праќа слики од гарнитури за седење и наслов „Одбрав, стигнати се“.
Во честата комуникација што ја имале со Камчев, бизнисменот најчесто се распрашува до каде е неговиот случај.
Лиле не мирува а Зоки зборел глупости, пишува во една од пораките.
Исто така Камчев му кажува на Боки дека како гаранција ќе ги понуди дуќаните каде е сместен „Дамат“ и „Сваровски“ со коментар „малку ли е”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.