Тетовската полиција информира дека вчера бил приведен 20-годишник кој се обидел да прегази полицајци.
Младиот човек прво одбил да се легитимира, а потоа и го стартувал возилото.
Околу 21:50 часот, на улица „Михајло Рајчевиќ“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 20-годишниот тетовец А.М., кој дваесетина минути пред тоа одбил да се легитимира и се однесувал агресивно кон нив на улица „Борис Кидрич“. Таму бил паркиран со неговото патничко моторно возило „фолксфаген пасат“ со тетовски регистарски ознаки. Во еден момент тој го стартувал возилото и се обидел да ги прегази полициските службеници – информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Тој додава дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.