Семејството и колегите полициски службеници од СВР Тетово денес во Тетово одбележаа 19 години од загинувањето на Цоки Стојановски во оружениот конлифкт во 2001. Стојановски беше полициски службеник во сообраќајната полиција, а животот го загуби при извршен напад врз полициски пункт кај објектот на Радио Тетово.
Утринава беше одржан помен парастос на неговиот надгробен споменик на православните гробишта во Тетово. Потоа му беше оддадена почит со положување цвеќе на неговата спомен биста во кругот на сообраќајната полиција во Тетово.
Денес после 19 години од настанот повторно се собравме на спомен обележјето во полициската станица за безбедност на сообраќајот на патиштата да му оддадеме почит на нашиот прерано загинат колега кој во 2001 година го положи својот живот на браникот на татковината. Тука сме заедно со семејството, да го одбележиме овој настан, изјави Славчо Здравковски, главен инспектор за сообраќајни работи при СВР Тетово.
Годинава поради состојбата со короанавирусот не се одржа традиционалниот турнир во мал фудбал кој се организираше во чест на Цоки Стојановски.
Стојановски загина на 28 годишна возраст, беше оженет и татко на две деца.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.