Безживотно тело на маж на возраст меѓу 30 и 40 години вчера е извадено од водите на реката Вардар во Гостивар чија смрт, според првичните сознанија на Јавното обвинитество, била предизвикана од истрели на огнено оружје.

Како што соопшти ЈО, Основното јавно обвинителство Гостивар вчера извршило увид на лице место, а со цел утврдување на причините за смртта како и идентификација на жртвата, јавниот обвинител издал наредба за обдукција на телото на починатиот.​



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.