Четири боеви ракетни фрлачи од 120 милиметри, и по еден шкoлски ракетен фрлач но и зоља без муниција се украдени од магацините на поранешната наменска фабрика Еурокомпозит.

Покрај ова украдени се и четири кабли од по 40 метри од електричната инсталацијата од објектот.

Во официјалното соопштение на МВР стои дека кражбата е извршена меѓу 3 и 5 овој месец.

По оваа информација дел од вработените од оваа наменска индустрија која подолго предупредуваа дека и тие и фабриката по нејзиното затворање се препуштени сами на себе денеска со нова реакција.

Подолго време објектот го обезбедуваше полицијата. Потоа оваа наменска индустрија беше оставена сама на себе и на времето за од вчера повторно за неговата безбедност да се грижи полицијата.

Во оваа фабрика за потребите на армијата и полицијата покрај оружје се произведуваа и шлемови и заштитини панцири.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.