Синоќа околу 3 часот после полноќ полицијата уапсила 27-годишник од Штип кога забележале дека од автомобилот фрлил пакет во кој имало марихуана и бела грутчеста материја.
На 23.08.2020 во 03.00 часот на ул.„Железничка“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Д.И.(27) од Штип, поради тоа што забележале дека фрлил сомнителен пакет од патничкото возило кое го управувал. Во пакетот, кој го пронашле полициските службеници, имало марихуана и бела грутчеста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштуваат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.