Вчера  во 19:55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на бензинската пумпа на подрачје на Гази Баба има едно повредено лице.
Подоцна била добиена информација дека со патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, С.И.(33) од с.Сингелиќ бил донесен повреден со остар предмет во Градската општа болница„Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Додека од местото на настанот, во Комплекс клиники„ Мајка Тереза“ бил пренесен Е.Е.(31) од с.Арачиново, со прострелна рана и од доктор му се констатирани тешки телесни повреди. На местото на настанот обезбедени се патничко моторно возило„сеат“ со скопски регистарски ознаки, патничко моторно возило„голф“ со скопски регистарски ознаки, чаури и остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.