Тројцата вевчанци кои на карневалот на 14 јануари – Василица го запалија бугарското знаме како дел од една од маските, ќе бидат казнети парично.

Според предлогот на ЈО казната за првообвинетиот е 100 дневни глоби од по 70 евра, додека за другите двајца по 100 дневни глоби од по 50 евра.

Обвинетите, на 14 јануари, за време на самоиницијативниот собир на граѓани по повод верскиот празник Св.Василиј во Вевчани, со намера за исмејување јавно го изложиле на подбив знамето на Република Бугарија. Еден од нив го запалил знамето, а останатите двајца го кревале и замавнувале со запаленото и подгореното знаме, се вели во соопштението од ОЈО.

Тие се казнети за повреда на угледот на странска држава од член 181 од Кривичниот законик.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.