Од 16 на 8 години затвор е намалена казната за српскиот државјанин Бојан Угреновиќ, кој за време на новогодишниот дочек на 2016 година во Охрид, до смрт го претепа 26-годишниот Димитар Матилоски од Охрид. Оваа пресуда беше донесена денеска во битолскиот Апелационен суд, кој ја првичната одлука на охридскиот Основен суд.

Угреновиќ, пак, сè уште е недостапен за органите, година и пол откако охридскиот Основен суд донесе решение да му се суди во отсуство и одреди мерки на претпазливост лицето да не ја напушта Македонија, одземајќи му ја патната исправа.

Србинот доби можност да се брани од слобода, бидејќи судот му го укина притворот согласно Законот за кривична постапка. Тој се појави само на првото рочиште, по што го снема.

Семејството ќе ја обжали одлуката на битолска Апелација пред Врховен суд.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.