Семејство од Бугарија, мајка, татко и две ќерки, загина при авионска несреќа во планински предел кај Солунска глава.
Малиот авион „Цесна“ се урна недалеку од Скопје при лошо време.
Во авионот патуваа пилотот, неговата сопруга и нивните две ќерки.
Телата беа откриени близу 18 часа по инцидентот. Авионот паднал недалеку од селото Богомила. Неговите жители ги проследиле последните маневри на авионот во воздух, пишуваат бугарските медиуми.
Ги изненадила тишина на летот. Сведоци рекле дека не забележале експлозија или чад.
Очевидци на инцидентот, кои живеат во селото под врвот, раскажуваат и какво било времето тој трагичен ден.
Го видов авионот. Мал, но многу високо леташе. Одеше кон Охрид, натаму. Може и да го згрешил патот и да отишол кон Солунска глава. Времето беше лошо. Имаше ветер вчера“, рекла жена која го видела авионот кој прелетувал, пренесува Фактор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.