Единицата за економски и компјутерски криминал при Секторот за внатрешни работи Скопје до Основното Јавно Овинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против 21 лице сите вработени во Основното Училиште „Кузман Шапкарев” во населба Драчево и тоа: В.Н. (56), заради постоење на основано сомнение дека сторила кривично дело – „злоупотреба на службената положба и овластување“ казниво по чл.353, а в.в кривично дело – „поттикнување“ казниво по чл.23 од КЗ,како и против лицата – П.И. (46), Н.Д.Б. (63), С.Л. (57), М.М. (54), П.Б. (39), З.А.Ѓ. (45), В.А. (41), С.А. (41), Г.С.А. (45), С.Ц. (57), Д.Ц. (39), М.Д. (45), Г.Ј. (53), Б.К. (39), М.В. (51), Б.Н. (37), Т.Г. (39), Р.С. (61), С.С.М. (41) и Л.С.П. (58) сите од Скопје, а заради постоење на основано сомнение дека сториле кривични дела – „злоупотреба на службената положба и овластување“ казниво по чл.353 и „фалсификување исправа” казниво по чл.378 од КЗ.
Имено, првопријавената во текот на учебната 2018/2019 година, со цел да им прибави корист, односно да им овозможи да се здобијат со свидетелства за завршена учебна година на четири ученици од училиштето кои подолг временски период во текот на учебната година биле надвор од државата и не присуствувале на настава, ги поттикнала и влијаела кај останатите горепријавени, инаку предметни наставници и одделенски раководители, на одржаните наставнички совети да изгласаат оценување на отсутните ученици, врз основа на што била изготвена целокупна педагошка евиденција со невистинита содржина.
Пријавените наставници, исто така во својство на службени лица, под влијание на првопријавената, иако знаеле дека четворицата ученици се отселиле од Македонија, односно не доаѓале на настава во соодветните паралелки, не ги запишувале (евидентирале) учениците како отустни од настава во евиденцијата на паралелките и извршиле фиктивно оценување на учениците за периодот додека биле отсутни, со што ги пречекориле своите службени овластувања и овозможиле изготвување на Свидетелства за завршена учебна година.
Од страна на Државниот просветен инспекторат, до МВР е доставено Известување, според кое на ден 02, 05, 08 и 12.07.2019 година, инспекторат извршил вонреден инпсекциски надзор во училиштето „Кузман Шапкарев“, по претставка од општина Кисела Вода, при што се констатирани повреда во постапката за водење на педагошката евиденција и документација, како и повреда со неевидентирање на изостаноците на учениците кои биле отсутни подолг временски период.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.