Скопското обвинителство истражна постапка против 55-годишен скопјанец поради силување и со цел обезбедување непречено одвивање на истрагата, до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за притвор на осомничениот.
Како што информираат од Обвибнителството, осомничениот на 28 септември 2020 година, околу 15.00 часот, го управувал своето возило и ја пресретнал оштетената која враќајќи се од работа, се движела по улицата. Тој застанал и присилно ја внел во возилото, па ја однел во стан од неговата почината мајка.
Осомничениот почнал физички и психички да ја малтретира жртвата. По упатување на закани кон неа и закани за нејзината ќерка, осомничениот со употреба на сила го извршил кривичното дело. Притоа, во континуитет ја удирал жртвата со боксови и клоци од кои оштетената се здобила со телесни повреди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.