Основното јавно обвинителство Прилеп оформи предмет по допрен глас против ноќниот клуб „Калипсо“ и неговиот управител поради непостапување според здравствените прописи, откако Државниот пазарен инспекторат преку социјалните мрежи утврди дека преку викендот се организирале забави со масовно присуство на гости.
Имено, во услови на прогласена пандемија од Ковид-19, спротивно на законските прописи и пропишаните мерки за заштита, во вечерните часови на 18.07.2020 година, во правното лице – угостителски објект била организирана забава на која биле присутни поголем број посетители.
Постапувајќи во оформениот предмет, надлежното обвинителство издаде наредби за утврдување на фактичката состојба и евентуалната кривична одговорност, како и за обезбедување докази“, гласи соопштението на ОЈО.
Државната пазарна инспекција во текот на изминатите 24 часа интервенираше во ноќниот клуб „Калипсо“ во Прилеп, кој важи за еден од најпознатите ноќни клубови, кој затворил кратко пред да дојдат инспекторите.
Од ДПИ рекоа дека испратиле инспектори од Битола, но непосредно пред нивното пристигнување на самото место, објектот бил затворен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.